Претепани двајца кумановци, едниот со тешки телесни повреди заврши на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 01,30 часот било пријавено дека во Куманово на раскрсницата од улиците „Народна револуција“ и „Илинденска“ пред пицерија И.Ф. (21) и Н.М. (21), двајцата од Куманово, застанале со патничко возило, а по кратко време им се доближиле две непознати лица и ги нападнале.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, И.Ф. и Н.М. побарале лекарска помош во општата болница во Куманово и кај Н.М биле констатирани телесни повреди, а И.Ф. бил препратен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply