Претепани бегалци најдени покрај автопатот Скопје-Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера во 00.30 часот телефонски во ЕИК Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово (во близина на селото Бунарџик) има две лица со повреди на главата и телото,информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле И.А.С. и Ф.К.А., државјани на Пакистан, кои илегално влегле во Република Македонија. По нивно кажување, на мостот за селото Бунарџик од страна на пет непознати лица биле нападнати со палки и железни шипки, по што им биле одземени пари.

И.А.С. во неконтабилна состојба и Ф.К.А. биле пренесени во Медицински центар Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.