Вработен на Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ вчера бил претепан додека ги извршувал своите службени дејствија.
– На 21.03.2022 година во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.К.(39) од Куманово бидејќи на улицата „Илинденска“ во Куманово физички го нападнал Д.Ј.(38) од Куманово, вработен во Јавно претпријатие, кој во тоа време извршувал службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Ј.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски