Две лица добија притов од 30 дена под сомнение дека нападнале и ограбиле кумановец кој разменува девизи.
– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Основото јавно обвинителство Куманово.
Како што се додава во соопштението, на 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи.
– Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари, па веднаш избегале, велат од ОЈО.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка определил мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.
Прехотдно Секторот за внатрешни работи информираше дека за истиот случај се приведени две лица, 36-годишник од Куманово и 33-годишен жител на Битола.
Никола Ивановски