Претепале кумановец, a тој им влетал со автомобил во објект

Сподели со своите пријатели

Во два наврати во текот на вчерашниот ден триесет и тригодишниот Ф.М. од Куманово бил физички нападнат, а во меѓувреме со автомобил влетал во објект на насилниците, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено вчера во 09.30 часот во Куманово, на ул. „Христијан Тодоровски – Карпош“ во канцеларија на ДПТУ„Бајер“ од Куманово, Ф.М. (33) од Куманово извршил насилство врз сопственикот на фирмата С.Р. (62) од Куманово.

Поради нерасчистени должничко – доверителски односи настанала расправија помеѓу горенаведените. Потоа дошло и до тепачка помеѓу Ф.М. од една страна и С.Р., А.Р., Б.Ќ. и А.Р. од друга страна, при што на Ф.M. му нанеле видливи повреди по главата и телото.

Истиот изреволтиран излегол од објектот, влегол во своето патничко моторно возило марка „БМВ Х5“ со охридски регистарски ознаки, и со предниот дел влетал преку излогот во внатрешноста на објектот каде биле горенаведените лица. Потоа, истите, повторно физички го нападнале удирајќи го со парчиња огревно дрво, а го оштетиле и неговото возило.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. По насоки од Јавен обвинител против сите горенаведени лица ќе бидат поднесени кривични пријави за кривично дело „насилство“.