Претепале 19-годишник во присуство на неговите пријатели

Сподели со своите пријатели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.П. (23) од Штип, Б.Т.(40) од село Козјак-Карбинци, Б.Т.(24) од село Козјак-Карбинци и О.Д.(37) од Карбинци поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „насилство“, информираат од полицијата.

На 15.06.2018 година околу 19,00 часот на крстосницата помеѓу селата Кучичино и Бурилчево, по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале Б.Д.(19) од село Бурилчево, во присуство на неговите пријатели.

Leave a Reply