Викториините водопади пресушија во најголем дел оваа година заради најтешката суша што ги погоди во последните сто години.
Овие водопади се меѓу најубавите водопади во светот и се наоѓаат на Замбези, граничната река помеѓу Замбија и Зимбабве.
Водопадите се широки над 1,5 км со пад до 128 метри. Овие водопади ги открил шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон во 1855 година и го добиле името по кралицата Викторија, иако локалното име за овој водопад е „Чад кој грми“.
Викториините водопади имаат статус на светско наследство според Конвенцијата за светско наследство на УНЕСКО.
Сега светот е потресен од сликите на исушените водопади каде само еден дел од млазот тече по падината, додека голем дел целосно е пресушен.
Водостојот на реката Замбези падна толку многу што не може да стигне до самата карпа.
Експертите велат дека климатските промени може да бидат причината, а локалното население стравува дека може да останат без туристи.
Мештаните велат дека има суши во последниве години, но не вакви. Ваква глетка прв пат имаат можност да вида, пишува Гардијан.