Престрелка во Филаделфија, двајца мртви, петмина повредени

Сподели со своите пријатели

Двајца мажи се убиени, а петмина се ранети во престрелка синоќа во Филаделфија, во американската сојузна држава Пенсилванија, соопшти полицијата, за која верува дека е поврзана со дрога.

Loading...

Одговарајќи на извештаите за пукање, полицијата отиде на улицата Ферхил во северна Филаделфија околу 20:30 часот во вторникот, каде пронашла четири лица ранети, изјави за новинарите вршителот на должноста полициски комесар Џон Стенфорд.

Сите беа пренесени во болница каде двајца беа прогласени за мртви, рече Стенфорд.

Уште тројца ранети сами отишле во болници, но засега нема информации за нивната состојба.

Стенфорд рече дека мажите кои загинале биле на возраст меѓу 19 и 33 години.

Беа испукани најмалку 70 куршуми, рече тој.

На местото на настанот се пронајдени четири пиштоли, пушка и наркотици, а според полицијата неколку лица испукале истрели.