„Престанете да барате вонземјани, ќе предизвикате хаос и војна на Земјата“

Сподели со своите пријатели

Специјален тим експерти од американската вселенска агенција има само една цел: да пронајде вонземјани.

Loading...

НАСА е убедена дека не сме сами во универзумот, но досега не успеа тоа да го докаже. Затоа нов тип ќе отстапи од вообичаените стратегии за трагање по планети слични на Земјата, затоа што веруваат дека другите форми на живот можеби живеат во услови во кои човекот не би можел да опстане.

Накои научници, сепак, сметаат дека потрагата по вонземјани крие неочекувани опасности. Германскиот социолог Михаел Шече смета дека средбата со овие суштества во вселената би било во колизија со одредени религии, кои би морале да ја објаснат новата ситуација. Освен тоа, во прв план би избило прашањето каква е нашата улога во вселената.

Научникот предупредува дека првиот контакт би можел да предизвика масовна паника, а како пример го навеува доаѓањето на Европјаните на Антила, што предизвикало масовни самоубиства меѓу староседелците.

Доаѓањето на сонда од непознато потекло или вонземјани би предизвикало вистински хаос на Земјата, затоа што би избиле војни поради конликт околу „артефакти од вселената“. Побарувачката за вонземска технологија, која веројатно би била понапредна од нашата, исто така би предизвикала конфликти.

Поради сето тоа, социолозите бараат потпишување меѓународен договор, со кој потписничките ќе се обврзаат дека нема да има војна доколку пристигне било каков сигнал од вселената. Тој исто така се залага за забрана за радио сигнали, кои одредени поединци ги праќаат во универзимот, сметајќи дека тие не смеат да зборуваат во име на целото човештво.

Тимот на НАСА има јасна цел, но и другите луѓе можат да добијат увид во податоците и да ги користат за истражувања. На тој начин, агенцијата сака еднаш засекогаш да утврди дали сме сами во вселената, свесно прифаќајќи ги опасностите кои тој одговор ги носи со себе.

Leave a Reply