Некои луѓе сакаат да се сликаат, некои не, но што е со кучињата? Како знаете дали се расположени да позираат? Кенеди Симонс, сопственикот на кучето на Спарки, нема проблем со тоа, бидејќи Спарки со својата реакција секогаш му дава до знаење што мисли за фотографијата.
Оваа куче „се топи“ секој пат кога ќе ја види камерата, а сцената е смешна.
View this post on Instagram
„Спарки не сака да биде во центарот на вниманието и ќе стори се за да го избегне тоа. Тој е многу непослушен, но да се биде околу него е секогаш забавно”, објаснува сопственикот.
Спарки го следат повеќе од 3.000 луѓе на Инстаграм, а покрај смешните пози, Спарки воодушевува со својата специфична насмевка.
Спарки има три нозе, а неговиот сопственик објасни дека загубил една нога откако ја скршил.
View this post on Instagram
„Откако го посвоив Спарки, тој мораше да направи операција на ногата, но таа никогаш не се излечи целосно и му предизвика многу болка, па на крајот му ја ампутираа“, рече тој.
И покрај тоа, тој никогаш не го загуби својот дух и ги радува луѓето околу него со својата енергија секој ден.
View this post on Instagram