Прешкршено примирјето: Израелски тенк истрела проектили врз либански град, повредени две лица

Loading...
Сподели со своите пријатели

Израелски тенк денеска истрела два проектила врз либанскиот град Маркаба, 24 часа по стапувањето во сила на прекинот на огнот со кој се забрануваат „офанзивните воени операции“, изјавија за Ројтерс извори од либанските безбедносни сили.

Во нападот две лица се повредени и пренесени во болница, соопшти агенцијата.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила вчераутро, како дел од договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

Израелската армија потврди дека утринава извршила напад во јужен Либан

Израелската армија (ИДФ) потврди дека утринава извршила напад во јужен Либан, кој го опиша како „предупредувачки удар“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку навистина се оштетени нуклеарните постројки на Иран?

Ова е прв извештај за напад со беспилотно летало откако вчераутро стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах.

ИДФ објави дека ги идентификувала осомничените, кои со возила пристигнале во неколку области на јужен Либан, што претставува прекршување на прекинот на огнот, објави „Тајмс оф Израел“.

Армијата отворила оган врз осомничените во областа Маркаба, но немала намера да убие никого, велат тие

Loading...

Либанските медиуми јавија дека во нападот се повредени најмалку две лица, додека Израел најави дека ќе преземе соодветни мерки против секое прекршување на примирјето.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила вчераутро, како дел од договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел тврди дека крајот на војната во Газа е близу: Во вчерашниот напад убиени најмалку 100 луѓе