Заклучно 18:30 часот во Општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 44,84% од гласачите, односно 23.077 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Податоците се базираат на обработени само 57,49 отсто од избирачките места.
Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.
Никола Ивановски