Во салата на Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер немаше слободно место на концертот, посветен на големиот музичар и композитор од Куманово, Миодраг Божиновски.
Концертот, кој е во рамките на одбележување 500 години од формирањето на градот, се претставија познати имиња на македонската естрада меѓу кои: Магдалена Божиновска – Стојанова, Никола Давидовски, Маргица Антевска, Октет Куманово, Група Сирма, Перо Христов, Сандра Милковска, Момчило Куфојанакис, Весна Ангелова – Христов, Ефто Пупиновски, Нино Величковски и Виолета Томовска.
Концертот беше со придружба на големиот народен оркестар „Пријатели” под раководство на маестро Дарко Илиевски и маестро Миле Барбаровски.
Организатори на настанот беа Фондација за култура и спорт, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.