Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски господин Тимотеј, во сослужение со митрополитите Европски – господин Пимен, Брегалнички – Иларион, Тетовско-гостиварски Јосиф и надлежниот митрополит Кумановско-осоговски д-р Јосиф, го преосвети храмот на светиот великомаченик Георгиј во село Старо Нагоричане – Кумановско.
Реосветувањето на овој свет храм е резултат на градежните активности кои се вршат околу самиот објект, па затоа според правилата повторно треба да се освети манастирот заедно со се она што веќе е направено, откако истата за прв пат била осветена, за што конкретно немаме податок кога се случило, со оглед на тоа дека станува збор за манастирски комплекс кој е од изминатиот милениум – појасни Дејан Зец, ѓакон во манастирот.
[huge_it_gallery id=”416″]

