Новиот премиер на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, рече дека земјата е без гориво бидејќи се соочува со најголемата економска криза во повеќе од седумдесет години.
Во телевизиско обраќање, Викремесинг рече дека на нацијата итно ѝ се потребни 75 милиони американски долари во следните неколку дена за да го плати основниот увоз.
Тој рече дека централната банка ќе мора да печати пари за да ги исплати државните плати.
Во тајна операција украинските војници изнесени од Азовстал (ВИДЕО)
Викремесинг, исто така, рече дека државната авиокомпанија Шри Ланка ерлајнс може да се приватизира.
Економијата на островската држава е тешко погодена од пандемијата на коронавирус, зголемувањето на цените на енергијата и популистичките намалувања на даноците. Хроничниот недостиг на девизи и зголемената инфлација доведоа до сериозен недостиг на лекови, гориво и други основни потреби.
„Во моментов имаме резерви на бензин само за еден ден. Следните неколку месеци ќе ни бидат најтешките во животот“, рече Викремесинге, кој беше назначен за премиер минатата недела. Сепак, испораките на бензин и дизел преку кредитна линија со Индија би можеле да обезбедат снабдување со гориво во следните неколку дена, додаде тој.
Столтенберг: Разбирлив е ставот на Турција за проширувањето на НАТО
Викремесинг рече дека централната банка ќе мора да печати пари за да помогне во исполнувањето на државните плати и другите обврски.
„Против моја волја, принуден сум да дозволам печатење пари за плаќање на вработените во јавниот сектор и плаќање на основните добра и услуги“, заклучи премиерот.