Премиерот на Русија следната недела ќе ја посети Кина

Сподели со своите пријатели

Рускиот премиер Михаил Мишустин ќе престојува во официјална посета на Кина на 23 и 24 мај, соопшти денеска прес-службата на руската влада.

Loading...

Предвидено е Мишустин во Пекинг да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и со премиерот Ли Чи Јанг.

Ќе се разговара за актуелни прашања од руско-кинеската соработка во трговско-економската сфера, а се планира и потпишување на бројни билатерални договори, пренесува Интерфакс.

Премиерот на Руската Федерација ќе го посети и Шангај, каде што ќе зборува на руско-кинескиот бизнис форум, пренесува Танјуг.