Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел бил примен во болница на 24-часовно превентивно набљудување, седум дена откако бил позитивен на коронавирус и ќе бидат направени дополнителни тестови, пренесува AFP, повикувајќи се на изјава на владата во Луксембург.
Ксавиер Бетел (48) започна десетдневна изолација на 27 јуни, неполни два дена по Европскиот самит во Брисел, каде се состана со други европски претставници.
Тој во тоа време имал само поблаги симптоми, како што се треска и главоболка, но никој од учесниците на самитот не се сметал за негов близок контакт, бидејќи биле почитувани сите епидемиолошки мерки, објави тогашната влада на Луксембург.
Бетел ја прими првата доза на вакцина АстраЗенека на 6 мај.
Во триаголникот меѓу Германија, Белгија и Франција, Луксембург со околу 630.000 жители веќе десет дена бележи зголемување на бројот на заразени лица, а според податоците од саботата, регистрирани се 136 нови случаи.
Последен пат во Луксембург имаше толку многу ново заразени луѓе во средината на мај.