Премиерот на Либан Саад Харири вечерва се врати во Бејрут, по повеќе од две недели откако преку телевизијата од Саудиска Арабија објави дека поднесе оставка.
Неочекуваното поднесување на оставката ги загреа шпекулациите дека Саудиска Арабија го приморала Харири на повлекување, како и наводит едека го држи како заложеник.
Тој во сабота замина од Саудиска Арабија во Париз на повика на францускиот претседател Емануел Макро, а пред враќањето во Либан бил во Египет и Кипар.
Вечерва со приватен авион слетал во Бејрут, откако претходно се сретнал со претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес.


