Премиерот на Либан го повикува Израел да се повлече од сите позиции што ги зазеде во Либан

Сподели со своите пријатели

Привремениот либански премиер Наџиб Микати денеска апелираше до Израел целосно да се посвети на новиот договор за прекин на огнот и „да се повлече од сите региони и од позициите што ги окупираше“, неколку часа по стапувањето во сила на примирјето меѓу Израел и Хезболах.

Loading...

Микати претходно апелираше до меѓународната заедница да „дејствува брзо“ за да ја запре „израелската агресија и да спроведе итен прекин на огнот“, пренесува Ројтерс.

Утрово во 04:00 часот по локално време стапи на сила 60-дневниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, постигнат со посредство на САД и Франција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Прекинот на огнот во Либан е олеснување за разорната ситуација на Блискиот Исток