Премиерката на Самоа го критикуваше Роберт Кенеди Џуниор за вакцинацијата

Сподели со своите пријатели

Премиерката на Самоа, Фиамае Наоми Матаафа, го критикуваше кандидатот за секретар за здравство на САД, Роберт Кенеди Џуниор за неговите ставови за вакцините, како и за наводно ширење дезинформации за имунизацијата за време на смртоносната епидемија на сипаници на островот во 2019 година.

Loading...

„Ако тој е гласноговорник за антиваксерите, како лидер, не се согласувам со него“, изјави Фиаме за Гардијан.

Таа рече дека е изненадена од номинацијата на Кенеди со оглед на неговата реторика против вакцинацијата и нагласи дека не сака да верува оти ставовите на Кенеди, како и оние на американскиот претседател Доналд Трамп, ги одразуваат ставовите на мнозинството Американци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Министрите за одбрана на САД и Јапонија договорија јакнење на сојузот

За време на сведочењето за потврда во Сенатот, Кенеди рече дека неговата посета на Самоа во 2019 година не била поврзана со вакцини и дека ја поддржува американската програма која носи лекови за ХИВ во земјата.

Кенеди се сретна со официјални лица во Самоа кои отворено се спротивставија на вакцините, а неколку месеци подоцна избувна епидемија на сипаници во која починаа 83 лица, главно деца.

Тој ја отфрли оваа наводна вмешаност во појавата на сипаници и рече дека ги поддржува вакцините против мали сипаници и детска парализа.

Епидемијата на сипаници во Самоа во 2019 година беше предизвикана од опасен пад на стапките на вакцинација поради медицинска грешка што се случи една година претходно, кога две бебиња починаа откако медицинските сестри по грешка примениле вакцини измешани со мускулен релаксант со истечен рок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бразилскиот претседател најави реципрочен одговор на американските царини

Иако грешката не била поврзана со безбедноста на вакцината, активистите за антиимунизација лажно ја обвинија вакцината ММР за смртта на децата, пишува Гардијан.

Loading...

„Факт е дека смртта на тие бебиња е резултат на човечка грешка на медицинските сестри. Сите различни актери, особено оние кои се против вакцината, се огласија и сугерираа дека вакцинацијата е причината, што е целосна глупост. – изјави Фиам.

Таа посочи дека меѓу 83-те жртви кои починаа во епидемијата на морбили, најмногу се невакцинирани деца.