Премиерите на Данска и Гренланд на средби со Мерц и Макрон

Сподели со своите пријатели

Премиерите на Данска и Гренланд, Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, денес објавија дека ќе ги посетат Берлин и Париз за да ја зајакнат поддршката за неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе заземат арктички остров што ѝ припаѓа на Данска.

Фредериксен и Нилсен ќе се сретнат денес со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускиот претседател Емануел Макрон во среда, според нивниот официјален распоред, објавува Ројтерс.

На нивните состаноци, тие ќе разговараат за „актуелната надворешнополитичка ситуација и потребата од посилна Европа“, објави кабинетот на данскиот премиер.

Двајцата ќе присуствуваат и на економски самит во Германија, според агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 30 жртви на екстремен студ во најпогодените делови од САД

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги прими данската премиерка Мета Фредериксен и гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен во Елисејската палата во среда, 28 јануари, на работен ручек, објавија претходно француските медиуми.

„Во оваа пригода, шефот на државата ќе ја потврди европската солидарност и поддршката на Франција за Данска и Гренланд, нивниот суверенитет и територијален интегритет. Тројцата лидери ќе разговараат за безбедносните прашања на Арктикот и економскиот и социјалниот развој на Гренланд, што Франција и Европската Унија се подготвени да го поддржат“, објави Елисејската палата, пренесува „Фигаро“.

Франција претходно одлучи да испрати околу петнаесет војници од 15 до 17 јануари во Гренланд, заедно со други европски воени сили, како дел од операцијата „Арктичка издржливост“, порака за единство упатена до американскиот претседател Доналд Трамп, кој силно се залага за присвојување на автономната данска територија, која ја смета за „витална“ за безбедноста на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот носач на авиони пристигна во близина на Иран