Поради масовни руски воздушни напади врз украински енергетски инфраструктурни објекти, денес во Украина ќе бидат воведени големи прекини на електричната енергија и ограничувања на капацитетот за дистрибуција на електрична енергија, објави компанијата Укренерго на својот Телеграм канал, пренесува Танјуг.
За индустриските потрошувачи, капацитетот ќе биде ограничен и од 8 до 11 часот наутро и од 15 до 22 часот, пренесува Укринформ.
„Времето и обемот на ограничувањата може да се променат. Ажурирани информации ќе се појават на официјалните страници на регионалните енергетски компании на социјалните мрежи“, се вели во соопштението на компанијата Укренерго. Граѓаните се повикуваат да ја користат електричната енергија штедливо во наредниот период.

