Не поминаа ни два месеца од започнувањето на пингпонгарските натпреварувања во македонските лиги кои беа во прекин од средината на март до средината на септември за истите повторно да бидат прекинати.
Новите протоколи кои ги донесоа властите, а се однесуваат на спортот за борба против пандемијата од коронавирусот силно ги погодија клубовите, кои знаејќи дека пинг-понгот кај нас сеуште не е издигнат на професионално ниво, така што клубовите немаат финансиска моќ да ја спроведат одлуката прошишана во протоколите за задолжителен ПЦР тест на играчите и тренерите пред секој натпревар.
Поради овие причини Пингпонгарската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на сите натпреварувања додека не се создадат услови кои ќе бидат поволни за продолжување на натпреварите.
Зоран Стерјовски