Loading...
Палестинското Министерство за телекомуникации денес објави дека телефонските и интернет мрежите се нарушени низ целиот Појас Газа поради „напад врз последниот преостанат оптички кабел“ на територијата.
„Опасната ескалација против телекомуникациската инфраструктура се заканува целосно да го отсече Појасот Газа од надворешниот свет“, се вели во соопштението на министерството под Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала.
Министерството за телекомуникации го обвинува Израел дека стои зад нападот.