Прекин на водоснабдувањето на дел од булеварот „Трета МУБ“

Сподели со своите пријатели

Поради приклучување на нова водоводна мрежа за урбан блок 23 на постојната водоводна линија Ф225 на булевар „3 МУБ“, денеска ќе биде извршен привремен прекин на водоснабдувањето на овој потег.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, водата ќе биде исклучена од 06:00 часот на делот од кружниот тек со булевар „Октомвриска револуција“ до крстосницата со улица „Б. Б. Гуцман“, односно кај објектите на страната на бензинската станица „Макпетрол“.

Од службите објаснуваат дека водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено по завршувањето на монтажните работи за приклучување на новата водоводна мрежа Ф160.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре ќе ги одмери силите со РК Бутел

Граѓаните се замолуваат за разбирање, со напомена дека со реализацијата на оваа интервенција ќе се создадат услови жителите од комплексот згради во урбан блок 23 да добијат поквалитетно и стабилно водоснабдување.

Никола Ивановски