Прегратката е гест на љубов, топлина и внимание. Едноставно чувство на топлина од друга личност може да излечи многу болести, вклучувајќи студ, па дури и его. Доволно е само едно за повторно да ве претвори во дете.
„Потребни ни се четири прегратки дневно за да преживееме, осум за одржување и дванаесет за да растеме“, изјавила Вирџинија Сатир.
Прегратката има неверојатна моќ, потврдуваат психолозите, биолозите и невролозите ширум светот.
Луѓето се создадени да примаат и нудат прегратки, а прегратката е форма на примарен и социјален контакт, форма на комуникација, основна потреба, помош во развојот и одржувањето на физичкото и емоционалното здравје кај децата и возрасните.
Од друга страна, индискиот гуру Ошо ја нагласува исцелителната моќ на прегратките зборувајќи за неговиот терапевтски потенцијал и пристапувајќи му од духовна перспектива.
„На нашето тело му треба вода, храна и одмор, а на душата и треба љубов и прегратка на вистинската љубов“, вели Ошо.
За време на состанокот со студентите, Оша го прашале: „Зошто прегрнувањето како лек е толку ефикасно?“ Тој одговорил:
„До неодамна мислев дека луцидноста, интелигенцијата и самоанализата се главните алатки за лекување, но тие не значат ништо во споредба со прегратката.
Ако некој не се чувствува сакан, почнува да се откажува од се. Ако чувствува дека никому не му е важен животот, ја губи смислата за себе.
Човекот чувствува потреба да биде сакан – а тоа е една од главните човечки потреби.
Затоа љубовта е најголемата можна терапија.На светот му треба терапија, токму затоа што му недостига љубов. Во свет полн со љубов воопшто не би му требала терапија; би имало повеќе од доволно љубов.
Прегратката не е ништо друго туку чин на љубов, топлина, внимание, доволно за повторно да се претворите во дете. Психолозите утврдиле дека ако детето не е доволно прегрнато и сакано, не може нормално да порасне, бидејќи му недостасува одреден тип на „храна“.
На душата, како и на телото и е потребна храна.Можете да ги задоволите сите физиолошки потреби на детето, но ако никогаш не го прегрнете, нема да порасне здраво и нормално. Неговата психа нема да се развие и секогаш ќе се чувствува тажно, запоставено, несакано. Можеби детето е физички нахрането, но за жал не емотивно.
Од 100 случаи, 90 болни лица страдаат пред се затоа што немале доволно љубов. Доколку терапевтот посветил посебно внимание на својот пациент, хранејќи го со љубов и задоволувајќи ја оваа првобитна потреба, состојбата на пациентот може чудесно да се подобри.
Можеме да заклучиме, без сомнение, дека љубовта е најлековитата појава што постои.