Преговорите за прекин на огнот во Газа на работ на колапс

Сподели со своите пријатели

Преговорите меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците се на работ на колапс, изјавија палестински претставници запознаени со разговорите во Катар, пишува Би-Би-Си.

Loading...

Според висок палестински преговарач, израелската делегација во Доха немала овластување да донесува клучни одлуки, а посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон била искористена за „купување време“.

Тие го повикаа Вашингтон да изврши поголем притисок врз Израел за да избегне целосен прекин на разговорите.

„Процесот виси на конец. Без драстична и брза промена, преговорите би можеле целосно да пропаднат“, рече еден регионален претставник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  NYT: Како Нетанјаху ја продолжуваше војната во Газа за да остане на власт?

Главните спорни прашања остануваат механизмот на дистрибуција на хуманитарната помош и степенот на повлекување на израелската армија од Појасот Газа.

Хамас бара помошта да тече преку агенциите на ОН и меѓународните хуманитарни организации, додека Израел инсистира на дистрибуција преку Хуманитарната фондација за Газа (GHF), организација поддржана од САД.

Во врска со повлекувањето, Израел понуди да одржува „тампон зона“ длабока од еден до 1,5 километри, но подоцна доставената мапа покажа многу подлабоки воени позиции, што Хамас го опиша како „знак на лоша намера“.

Мапата покажа израелско присуство во поголемиот дел од јужниот град Рафа, 85 проценти од селото Хуза, како и делови од северна Газа и градот Газа, вклучувајќи ги населбите Туфа, Шеџаија и Зејтун.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  NYT: Како Нетанјаху ја продолжуваше војната во Газа за да остане на власт?

Еден функционер го обвини Израел дека користи хуманитарно планирање за долгорочна стратегија за присилно раселување на Палестинците, истакнувајќи го планот на израелскиот министер за одбрана Израел Кац за изградба на камп за 600.000 луѓе во Рафа, со можност за проширување на целото население на Газа, пренесува Танјуг.