Преговорите меѓу Русија и Украина завршија, пренесува руски Тасс.
Пред разговорите, од кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека делегацијата од Киев ќе побара „итно“ прекин на огнот и повлекување на руските војници.
„Клучното прашање е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од украинска територија“, се вели во соопштението.
Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи ги пречека делегациите на двете земји, уверувајќи ги дека треба да се чувствуваат „целосно безбедно“.