Четириесет и тригодишен кумановец е тешко повреден откако во него удрил негов помлад сограѓанин со „ауди“.
Loading...
– На 10.11.2021 околу 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(19) од Куманово, удрило во пешак Д.Т.(43) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Во несреќата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски