Предупредување за нуклеарна катастрофа по грешка емитувано на телевизија

Сподели со своите пријатели

Луѓето во јуниот дел на Њу Жерси се преплашиле кога на телевизија одеднаш се појавило предупредување за потенцијална катастрофа во нуклеарна електрана.

Локалните власти издадоа предупредување за нуклеарната електрана од округот Камберланд и Салем во Њу Жерси – гласела пораката.

Канцеларијата за внаредни ситуации во Њу Жерси соопштила дека пораката е направена како дел од вежба за нивниот персонал и дека по грешка е емитувана на телевизија.

Пораката беше наменета за нашиот персонал. Поради грешка во кодирањето, емитувана е на телевизијата – соопштиле од канцеларијата.