Предадена е апликацијата на Украина за членство во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Украина во Кралството Холандија, Всеволод Ченцов, објави дека го доставил барањето на Украина за пристапување во ЕУ до Филип Леглис Коста, постојан претставник на Франција во ЕУ, која претседава со Советот на ЕУ.

Loading...

„Апликацијата е регистрирана. Процесот е започнат“, напиша Ченцов на Твитер.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, вчера го потпиша барањето за членство на Украина во Европската унија, изјави заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Сибига.