За да добро го завршите разговорот за работа, потребно е да ги сфатите правилата на игра. Со оглед дека многу компании добиваат стотици пријави за секој оглас, на интервјуата им претходни проценка на кандидатите. Затоа, ако сте повикани на разговор, значи дека половина од патот веќе сте го поминале. За да успешно ја завршите трката до крај, прочитајте ги следните совети.
Обрнете внимание што ве прашуваат
Многу кандидати не ги слушаат прашањата или се обидуваат во одговор да вклучат детали кои немаат никаква врска со прашањето. Внимателно слушајте што ве прашуваат, а ако не сте сигурни за што станува збор, замолете ја личноста која разговара со вас да ви појасни.
Дајте специфични примери за она што сте го работеле
Добрите исрашувачи се обучени за поставување на прашања кои бараат примери, а не „што би сакале кога би…“. Ако испрашувачот го повтори истото прашање, бидете сигурни дека не се работи за заборавеност, туку дека не сте одговориле на дел од прашањето или не сте дале конкретен пример.
Бидете подготвени за трик прашања
„Која е вашата најголема маана?“ и слични прашања претставуваат замка. Претпоставете што се може да ве прашаат и однапред подгответе неколку одговори. Доколку прашањето не ви одговара, не обидувајте се да го избегнете, туку потреудете се одговорот да го свртите во своја корист.
Бидете концизни
Вашите одговори не треба да бидат предолги, кога се можете да кажете само во неколку реченици. Ако зборувате премногу, личноста која е со вас ќе изгуби концентрација, па нема ниту доволно да ве запамети.
Насмевнувајте се и немој да превртувате со очи
Гледајте го испрашувачот во очи, кога и да е можно и насмевнете се. Немојте да се чешате, да се држите подгрбавено, да се лулате во столчето, да се играте со пенкалото или на било кој друг начин да делувате збунето. Сето тоа ги иритира луѓето околу вас, па со тоа го влошувате впечатокот за вас.
Loading...