Пред 81 година Британците се приклучиле кон Кумановскиот партизански одред

Сподели со своите пријатели

Со комеморативна посета и полагање на свежо цвеќе пред спомен – обележјето на куќата во село Пелинце, денеска беше одбележана 81 годишнина од пристигнувањето на британската воена мисија (15 ноември 1943 година), која се приклучила кон партизанскиот одред во кумановско – козјачкиот регион.

Loading...

 

 

Поддршката во оружје и логистика од страна на британските воени сили била од големо значење за антифашистичкото движење во текот на НОБ.

 

 

Loading...

Петчлената британска мисија ја сочинувале мајор Мостин Дејвис, капетан Френк Томсон, капетан Дагмар и двајца радиотелеграфисти.

 

 

Делегација од Општина Куманово, предводена од секретарот Александар Гелевски, беше дел од бројните делегации и претставници на институции и граѓански здруженија, кои се поклонија пред спомен – обележјето и положија свежо цвеќе, во знак на почит и благодарност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18 случаи на шуга во Куманово во октомври

 

 

Loading...

Денешното чествување беше во организација на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово – ЗАПВАРС.