Пред 5 години живеела во гардеробер, а сега ја има куќата од своите соништа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жена која немала свој дом, но делела стан со една спална соба со пет лица, потоа живеела буквално во малку поголем плакар. Како што покажала на ТикТок, во него можело да се смести само еден кревет, додека нејзината облека висела наоколу.

Loading...

Тејлор, која сега ја следат околу 30.000 луѓе на „Тикток“, исто така открила дека во еден момент била дури и бездомник, но сега живее во екстравагантна „куќа од соништата“.

 

 

Таа објавила видео на социјалните мрежи на кое покажува како живеела и како живее сега, додавајќи дека „последните пет години биле лудо возење за неа“

„Пред пет години живеев во плакар, една спална соба, една бања, со пет луѓе. Се давев во долгови“, напиша таа.

Пет години подоцна, таа живее во модерна куќа полна со живописни бои, и секоја соба има своја тема.

Loading...

„Но, успеав, мојата куќа од соништата стана моја реалност“

Се разбира, многумина беа заинтересирани како таа го стори тоа, а Тејлор објасни во коментарите.

„Живеев многу сиромашно, за да заштедам пари, исто така бев бездомник некое време, работев дополнителни часови и викенди на работа, инвестирав пари“, објаснува таа.

 

 

Други ги интересираше како пет луѓе живеат во еднособен стан, но Тејлор и тоа го појасни.

„Едниот во спалната, дневната е поделена на два дела, во едниот дел живеел пар, а во другиот друго лице.

Loading...

Многумина се воодушевени од нејзината куќа и велат дека изгледа „како од Pinterest“, а некои и велат дека дефинитивно има талент за внатрешен дизајн.

„Талентирани сте во дизајнот на ентериер бидејќи и тој плакар изгледаше прилично убаво, а вашата куќа е прекрасна“, рекле дел од корисници на социјалните мрежи.

 

@tbeepboopIt’s a wild ride going through old photos watching these 5 years unfold 🥺 #fyp #apartmenttour #foryou #homedecor♬ In My Mind – Lyn Lapid