Пред 49 години Тито бил во Белата куќа, а една анегдота од посетата сѐ уште се раскажува (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За време на неговиот живот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, ги посетил скоро сите највлијателни луѓе во светот во тоа време, а во исто време, сите моќни луѓе на светот дошле во Југославија.

Loading...

Во 1970 година, претседателот на САД, Ричард Никсон, дошол во СФРЈ. Ова била една од историските посети затоа што Никсон бил првиот американски претседател кој ја посетил Југославија.

Како ќе изгледаше Југославија доколку се оствареше планот на Тито?

Неколку месеци подоцна, Тито ја возвратил посетата.

Броз бил пречекан со најголеми почести обезбедени за странски државник, а снимките на кои тој и Јованка разговараат срдечно со Никсон и неговата сопруга го обиколија светот.

Сепак, зад оваа посета има една анегдота која, по враќањето на Тито во Југославија, честопати се прераскажувала.

Имено, за време на состанокот со Никсон, во просторијата полна со новинари и фоторепортери, Тито запалил пура!

Кумановци биле гости на роденденот на Тито

Loading...

Потегот бил провокативен од најмалку две причини.

Прво, пушењето е строго забрането во Белата куќа од 1946 година. Второ, состанокот се одржал во екот на нетрпеливоста меѓу Америка и Куба, а Тито лично бил снабдуван со пури од лидерот на Куба, Фидел Кастро.

Никсон морал да реагира.

„Господине претседател, ние не пушиме тука во Белата куќа“, рекол американскиот претседател на Тито.

– Блазе си ви! – едноставно одговорил лидеерот на Југославија.

 

Leave a Reply