Овој човек кој живее во близина на озогласениот Чернобил не планира да замине. ДОмот на Иван Шамјанок (90) е на работ од забранетата зона. Кога пред 30 години властите ги принудувале да избегаат од радиоактивниот облак, тој и неговата сопруга одбиле.
Шамјанок тврди дека тој и неговата жена никогаш не ги почуствувале последиците од радијацијата.
– Засега е се во ред. Вчера доаѓаа лекарите, ме ставија во кревет и ме проверуваа и мереа. Ми рекоа: „Со тебе е се во ред дедо“ – раскажува Шамјанок.
– Мојата сестра тука живееше со својот маж. Одлучија да одат и наскоро беа под земјата. Починаа од заточеништво. Јас не сум заточен. Малку пеам, малку работам во градината, живеам полека, вели тој.
Шамјанок додава дека животот не му се променил многу по катастрофата. Тој и неговото семејство продолжиле да јадат зеленчук и овошје кои сами ги одгледувале, продолжиле да чуваат крави, свињи и кокошки за месо, млеко и јајца. Сега кога сопругата му починала, а децата се отселиле, останал сам со својот роднина, кој живее на другиот крај од селото.
Официјалниот број на лицата кои починале како последица на радијацијата е 31, сепак повеќе починале од болести предизвикани од радијација, како што е ракот. Вкупниот број на мртви од долгорочните последици и натаму е причина за интензивни дебати.