Пред 20 години ставила порака во шише и го пуштила во море, го пронашле писмото, а сега ја бараат неа

Сподели со своите пријатели

Сузи Хемптон во 1997 година имала десет години, а тогаш во Северното море пуштила пластично шише со порака која преживеала 20 години, 350 километри патување. Нејзиното шише сега било пронајдено на островот Влиленд во северна Холандија.

Шишето со порака го пронашол Питер Шапер по чистење на плажата и се надева дека ќе ја пронајде Сузи која денес има 30 години. Пораката била адресирана на „било која личност која ќе ја пронајде“.

Здраво. Моето име е Сузи Хемптон. Имам десет години. Оваа шише во вода го ставив на 25ти авгус 1997 година. Дали можете да ми пишете и да ми кажете кога и каде сте ја пронашле? Мојата адреса е 49 Kings Road, Minster-on Sea, Šipi, Kent, ME12 THL – пишува во пораката која била пронајдена.

Питер кој ја пронашол пораката со своите колеги рекол дека таа е специјална затоа што патувала 20 години.

Сузи повеќе не живее на адресата која ја напишала во писмото, а се претпоставува дека веќе не го носи истото презиме.

 

Loading...