Рон Адамс во 2002 година добил дијагноз акоја никој не сакал да ја слушне, па се одлучил да си ги исполни детските соништа и си купил нов „Мерцедес“ и многу други скапи работи.
Кога лекарите му рекле дека има рак на белите дробови која влегла во терминална фаза и дека има само уште три месеци од животот, Рон Адамс одлучил да си ги исполни некои од соништата на што ја потрошил животната заштета од 50 илјади фунти.
Тоа било во 2002 година, а сега 15 години подоцна, 84-годишниот Рон, поранешен градежен работник се уште е жив. Ужива во „Мерцедес ЦЛК“ кој во 2002 година го купил за 20.000 фунти. Мислејќи дека му останало малку од животот за 3.650 фунти купил и рибарска јадица, а вложил и стотицигунти во својата колекција на предвоени модели на автомобили.
Роан Адамс од Бирмингам, првин се јавил на својот лекар по општа медицина поради силна кашлица која не престанувала, а потоа бил испратен на тестирање во болница.
Ми направија рендген на градниот кош и ми рекоа дека е најдобро со себе да поведам некој. Го поведов син ми Марк која сега има 55 години. Не одведоа во собата за консултации и ми рекоа дека имам рак на бели дробови кој е во терминална фаза и дека ништо не може да се направи. Кога ги прашам колку ми останува од животот ми рекоа три месеци – изјавил Рон Адамс, за „Дејли мејл“.
Иако, таа дијагноза го шокирала, затоа што освек кашлицата се чувствувал добро, се одлучил максимално да го искористи времето кое му останало. Дел од парите ги поделил за децата, а останатиот дел од заштедата го поторшил да си ги исполни животните сништа.
Шест месеци по дијагнозата откако завршил во болница поради тешки болки во белите дробови лекарите му рекле дека има рак на белите дробови, но дека многу споро напредува и може да се излечи. Благодарение на радиотерапијата, ракот се намалил и Рон денес е жив.
Loading...