Пред 10 години родила син, а сега на свет го донесе неговиот брат близнак

Сподели со своите пријатели

Една жена од Кина, која тамошните медиуми ја нарекуваат само г-ѓа Ванг, роди здраво момче од замрзнат ембрион 10 години по раѓањето на својот прв син.

Loading...

Двата ембриони биле формирани во ист циклус на ин витро оплодување, при што едниот веднаш бил всаден, а другиот замрзнат.

Снимка од татко кој се обидува да ги облече близнаците никого не остави рамнодушен (ВИДЕО)

Според најавите на социјалните мрежи од Клиниката за гинекологија во Хубеи, г-ѓа Ванг во вторникот родила здраво момче, кое заедно со својот постар син било зачнато со ин витро оплодување во 2009 година од истото јајце и сперма.

„Од медицинска гледна точка, Лулу и Тонтонг се браќа близнаци“, напиша д-р Зенг Ји, специјалист за ин витро оплодување на Клиниката Хубеи.

Четириесет и едногодишната г-ѓа Ванг пет години се обидувала да има деца, пред да донесе одлука за ин витро оплодување. Првиот син Лулу е роден во 2010 година, а вториот ембрион бил замрзнат.

Родила близнаци, но едното дете е црно, а второто бело (ВИДЕО)

Гордата мајка на својот новороден син му го дала името Тонгтонг, што во превод значи „Исто“.

Loading...

Во видеата од раѓањето, персоналот може да се чуе како го поздравува Тонгтонг со зборовите „Конечно се запознаваме после 10 години“.

И Лулу и неговиот новороден брат близнак имале иста тежина при раѓањето и се родени со царски рез. Среќниот татко изјавил дека тие решиле да го „одмрзнат“ ембрионот затоа што Лулу побарал да има брат или сестра.

Leave a Reply