Полската армија убила повеќе од 240 мигранти на границата со Белорусија, тврди пребеганиот полски војник Емил Чецко.
Тој сведочеше пред Белорускиот истражен комитет, кога ги кажа тие тврдења.
За време на кривичната истрага, Емил Чечко изјави дека од 8 јуни 2021 година заедно со колегите учествувал во организирани убиства во пограничната зона и кај селото Семјановка, а според војниците бил свесен за убиството на повеќе од 240 лица“, се наведува во соопштението на тој комитет, а пренесува агенцијата РИА Новости.
Обвинението против овој војник кој побегна во Белорусија беше потврдено во Полска на 29 декември.
Чецко бил приведен на 16 декември во пограничната зона, по што побарал политички азил од Белорусија поради „несогласување со актуелната политика на Полска во однос на миграциската криза и практиката на нехуман третман на бегалците“.
Тој ја обвини официјална Варшава дека систематски убива мигранти и двајца доброволци и призна дека и самиот бил принуден да пука во бегалците.
Полските власти го обвинија за дезертерство и го ставија на потерница.
Нему му се заканува затворска казна до 10 години.
Минатото лето, на границата меѓу Белорусија и Полска и балтичките земји, се зголеми приливот на бегалци од Блискиот Исток и Африка, кои се обидуваат да се пробијат до Западна Европа.
Ситуацијата ескалираше на почетокот на ноември, кога во близина на жичената ограда се собраа околу 2.000 луѓе.
Во тоа време полските безбедносни сили спречија неколку обиди за пробивање, наведува агенцијата.