Пребарувачот Chrome ќе ги скенира вашите лозинки

Сподели со своите пријатели

Гугл го има еден од најпопуларните пребарувачи, а покрај Виндоус, Линукс и Мек ОС, Хром се наоѓа и на секој уред со Android.

Loading...

Започнувајќи со новата верзија 79, Хром ќе ги скенира зачуваните лозинки за да ги наведе нивните слабости, како и колку е веројатно дека ќе бидат пробиени.

Хакерите ширум светот имаат пристап до повеќе моќни компјутери и напреден софтвер, па дури и долгите шифри комбинирани со броеви за нив не претставуваат проблем.

Гугл, исто така, има база на податоци од скоро 4 милијарди кориснички имиња и лозинки што досега биле пробиени, па затоа ќе предложи да не ги користите.

Leave a Reply