Пратеникот Иван Стоиљковиќ од Куманово ќе ја тужи Република Македонија

Сподели со своите пријатели

Иван Стоиљковиќ од Куманово, пратеник од Демократската партија на Србите во Македонија најави тужба против Република Македонија, бидејќи службите за безбедност го прислушувале заедно со српскиот разузнавач и дипломат Горан Живаљевиќ и новинарот Мирослав Лазански.

Според изјавата која Стоиљковиќ ја има дадено за српското издание на агенцијата „Спутник“ како член на собраниската Комисија за одбрана и безбедност тој имал безбедносен сертификат и не можел судот да издаде наредба за посебни истражни мерки.

Ако прислушувате пратеник и го ставите на таканаречени ПИМ мерки, морате да имате одлука на судот, а за да добиете одлука на судот, мора да дадете образложение. Не знам и не сум свесен какво образложение би можело да биде за јас да бидам прислушуван кога имам безбедносен сертификат – вели Стоиљковиќ за „Спутник“.

Порталот НОВА ТВ објави истражувачка сторија за врските на Стољиковиќ кој ги има со српските тајни служби и српскиот новинар Мирослав Лазански кои укажуваат дека преку Лазански спроведувале пропаганда пред насилните инциденти кои се случија во Собранието на 27ми април.

Дипломатот Живаљевиќ стана познат во јавноста откако телевизија Телма го идентификуваше како дел од толпата која насилно влезе во Собранието кога неколку пратеници беа повредени.

фото: МКД.МК