Прашкаста материја пронајдена во пакет наменет за затворник од Куманово

Сподели со своите пријатели

Полицијата во штипскиот затвор пронашла прашкаста материја во пакет наменет за осуденик од Куманово.

Loading...

– На 20.10.2020 во 11.17 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот била пронајдена прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Штип, како што појаснуваат од МВР, извршиле увид на местото, при што во пакет наменет за осуденото лице Р.А.(34) од Куманово била пронајдена прашкастата материја, која е одземена и предадена за вештачење.

По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply