Околу 20 илјади матуранти по новогодишните и божиќните празници ќе полагаат екстерно тестирање, а вчера напладне околу половина милион прашања се објавени и достапни на страницата на Министерството за образование и Дражвниот испитен центар.
Од 23 до 27 јануари ќе се полагаат предметите, а секој ученик три дена пред тестирањето ќе биде известен по кој предмет ќе се оценува неговото знаење. Сите прашања се достапни на македонски, албански и турски јазик, а за предмет кој е застапен со еден час неделно достапни се 50 прашања, за предмет со два часа неделно – 100 прашања.
Јавниот увид во пашрањата треба да допринесе, родителите, наставниците или учениците да пријават техничка или грешка од друг вид доколку ја забележат, за да надлежните ги корегираат прашањата.
Останатит еученици екстерно ќе бидат тестирани на крајот од второто полугодие.
Распустот годинава ќе започне на 30 декември и ќе биде нешто пократок за разлика од претходните, одноно ќе трае до 17 јануари. Ваквата одлука се правда со големиот број неработни денови поради празниците во текот на 2017 година.
Loading...