Иако ви изгледа како сосема нормално прашањето кое ќе го поставите на личноста која ви се допаѓа, најдобро би било да го прескокнете ако сакате повеќе шанси за пронаоѓање на љубовта.
Единствена работа која никако не би смееле да прашате некој со кој планирате нешто повеќе е со што се занимава, а еве и зошто.
Експертот за бонтон, Мика Мајер тврди дека разговорт за нечија кариера на првито состанок може да изгледа крајно метаријалистички и опортунистички, а тоа дефинитивно не е впечаток кој сакате да го оставите.
Тоа е како некој да прашате колку заработува – рекла таа.
За да ги избегнете непријатните моменти, држете се до темите кои се однесуваат на животот на личноста со која сте за да може да откриете што повеќе за неа.
Прашајте од каде се, каде сакаат да излегуваат, што сакаат да работат и трудете се да ја задржите забавната тема како што се патувањата, филмовите, книгите и забавните социјални активности.
Исто така би требало да избегнувате прашања за брак, деца и бившите, посебно бившите затоа што припаѓаат на минатото. Внимавајте на политиката и религијата, воопшто не ги споменувајте.
Вакви теми би можеле да ги исплашат луѓето затоа што се однесуваат на иднината и би требало да ги оставите за некој друг состанок.
Loading...