Праљак кремиран во тајност

Сподели со своите пријатели

Хрватскиот генерал и осуден воен злосторник Слободан Праљак, кој изврши самоубиство во хашката судница, испратен е во четврток на кремација на загребските гробишта, пишуваат хрватските медиуми.

Според информациите на „Вечерњи лист“, Праљак бил испратен без големо внимание, во присуство на најблиските членови на семејството и неколку блиски пријатели. Како се наведува, телото на Праљак исто така пристигнало во најголема дискретност од Хаг.

Официјалната комеморација ќе се одржи во понеделник во загребската сала Лисински, а во организација на Хрватскиот генералски збор. На комеморацијат аќе биде изведена хрватската химна, а се очекува и доаѓање на целокупниот Генералски збор во свечена униформа.

Кој беше Слободан Праљак – генералот што се самоуби во Хаг?

Loading...

– На комеморацијата нема да присуствува никој од семејството, а мислам дека нема да дојде никој и од политичарите, рекол за „Вечерњи лист“ организаторот на собирот генерал Павло Миљавац.

ХРТ наведува дека истиот ден за Праљак ќе се одржи и миса во една црква во Загреб.

Праљак се самоубив во судницата на Хашкиот трибунал, откако испи отров кога му беше потврдена првостепената пресуда на 20 години затвор за воени злосторства над муслиманите во БиХ.

На шестмина челници на т.н. „хрватска република Херцег-Босна“, Хашкиот суд им изрече вкупно 111 години затвор за злосторства над муслиманите во Босна и Херцеговина.

Пресудата, покрај тоа, утврди и дека Хрватска извршила меѓународна агресија врз БиХ, и дека на чело со тогашниот државен врв, пред се претседателот Фрањо Туѓман, починила здружено злосторство со цел етничко чистење на БиХ.

Хрватските политичари жестоко реагираа на пресудата за шесте челници на Херцег0Босна, особено на делот во кој се зборува за одговорноста за поранешниот државен врв на Хрватска.