Прага и неколку поголеми градови во Чешка останаа без струја

Сподели со своите пријатели

Во Прага и северните и источните делови на Чешка, денес снема струја.

Loading...

Струја снема на целиот источен брег на реката Влтава, а по еден час темнина, повторно беа пуштени во употреба метрото и неколку трамвајски линии, објави заменик-градоначалникот на Прага, Здењек Хжиб.

Аеродромот „Вацлав Хавел“ функционира нормално, изјави неговата официјална Дениса Хајтманкова.

Во делови од Прага на источниот брег на Влтава, не работат ниту банкоматите ниту семафорите, а продавниците и рестораните се исто така без струја.

Се верува дека причина за прекинот на струјата е дефект на голема дистрибутивна станица на источниот периферија на градот, а компанијата за комунални услуги PRE објави дека го поправа, но не е познато кога ќе се врати струјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силна експлозија го стресе Рим, ја регистрираа и сеизмографите (ВИДЕО)

Струјата снема и во поголемите градови околу Прага, како што се Млада Болеслав, каде што се наоѓа фабриката за автомобили „Шкода“, како и во градовите Усти на Лаба и Храдец Кралове.