Познато колку казни изрече „Сејф сити“ вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Првиот ден откако беа ставени во функција камерите на системот „Сејф сити“ во Куманово донесоа казни за вкупно 55 возачи.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вкупно 24 казни се изречени поради преминување на црвено светло во Куманово, во Скопје 35 и во Тетово пет.

Во однос на возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци,  од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите.

– Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јоана Сарафимовска нов директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Никола Ивановски