Познато кога ќе биде пограбан папата Франциско

Сподели со своите пријатели

Ватикан потврди дека погребот на папата Франциско ќе биде во сабота во 10 часот по наше време.

Loading...

Телото на починатиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Франциско, ќе биде однесено во базиликата Свети Петар во среда во девет часот наутро, соопшти денеска Ватикан.

Телото на папата Франциско во моментов е изложено во капелата во куќата Санта Марта, каде што живеел во текот на 12-те години како поглавар на Римокатоличката црква.

Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциско неодамна ги одобри плановите за поедноставување на целата процедура за неговиот погреб.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата Лав XIV повика на ослободување на притворените новинари

Франциско исто така ќе биде првиот папа по повеќе од еден век кој ќе биде погребан надвор од Ватикан – неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата Санта Марија Маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим.