Познато какви санкции ќе воведе Британија

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон објави какви санкции воведува Лондон кон Русија поради воената операција во Украина.

Loading...

– Наметнати се санкции на „Аерофлот“, забранет е извоз на високотехнолошки стоки од Руската Федерација, ограничен е обемот на депозити што руските граѓани можат да ги чуваат на сметките во Британија, сите средства на ВТБ банка се замрзнати – наведе тој.

Санкции се воведуваат и против компаниите „Уралвагонзавод“, „Ростех“, корпорацијата „Тактичко ракетно оружје“, „Промсвјазбанка“.

Под санкции се и бизнисмените Кирил Шмалов, Петар Фрадков и Денис Бортников.

„Британија ќе ја истисне Русија од светската економија“, рече Џонсон.

Британскиот премиер додаде дека не ја исклучува можноста Русија во иднина да биде исклучена од системот SWIFT.

Во исто време се воведуваат санкции за Белорусија поради учество во руската воена операција во Украина.